САД од денеска ги намалуваат домашните летови за четири отсто поради затворањето на Владата

7.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД од денеска ги намалуваат домашните летови за четири отсто поради затворањето на Владата

Ограничувањата стапуваат на сила во 6:00 часот наутро по источно време. ФАА наведе загриженост во врска со безбедноста на воздушниот сообраќај поради затворањето на Владата.

Во својата конечна наредба, ФАА соопшти дека ќе бара намалување од четири посто за 40 главни американски аеродроми до понеделник пред да воведе намалување од десет проценти почнувајќи од 14 ноември.

ФАА, исто така, воведува ограничувања за лансирања во вселената, но не и за меѓународни летови. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата