Психотерапевт објаснува како да ги „спуштите“ своите деца на земја

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Психотерапевт објаснува како да ги „спуштите“ своите деца на земја

– психотерапевт објаснува како да ги „спуштите“ своите деца на земја

Зошто денешните деца не можат да учат, немаат трпение, тешко поднесуваат да им е здодевно, објаснува психотерапевтот Викторија Продаи која тврди дека мозокот мора да се тренира.

Психотерапевтот Викторија Продаи, која има долгогодишно искуство во работа со деца, верува дека денешните генерации се полоши на многу начини. Падот на социјалното, емоционалното и академското функционирање кај денешните деца е исклучително забележлив, додека во исто време е забележан сè поголем број деца со пречки во учењето и развојот.

„Како што знаеме, нашите мозоци се флексибилни. Благодарение на околината, можеме да ги направиме „посилни“ или „послаби“. Навистина верувам дека и покрај нашите најдобри намери, за жал, ги развиваме мозоците на нашите деца во погрешна насока“, тврди Викторија Продаи.

⠀Според неа, никогаш не треба да го правиме ова:

1. Децата добиваат што сакаат, кога го сакаат.

- „Гладен сум!“ - „Купуваме нешто за јадење за секунда.“

-„Жеден сум.“ - „Еве апарат за вода.“

„Досадно ми е!" - „Земи го мојот телефон.“

⠀Способноста да се одложи задоволувањето на потребите е еден од клучните фактори за иден успех. Сакаме да ги направиме нашите деца среќни, но за жал, ги правиме среќни само во моментот, а несреќни на подолг рок.

Способноста за одложување на задоволството значи способност да функционираме под стрес.

Нашите деца стануваат сè помалку подготвени да се справат дури и со помали стресни ситуации, што на крајот, тоа станува голема пречка за нивниот успех во животот.

Често ја гледаме неспособноста на децата да го одложат своето задоволство додека се во училница, трговски центри, ресторани и продавници за играчки, па гледаме негодување кај детето кога ќе чуе „Не“, бидејќи нивните родители го истренирале нивниот мозок веднаш да го добие она што го сака.⠀

2. Ограничена социјална интеракција

Имаме многу работа, па им го даваме телефонот за и тие да бидат зафатени. Децата порано си играа надвор, каде ги развиваа своите социјални вештини во екстремни услови. За жал, телефоните, телевизорите и компјутерите ги заменија прошетките на отворено за децата. Покрај тоа, технологијата ги направи родителите помалку достапни за интеракција со своите деца.

Телефонот нема да го научи детето да комуницира. Мозокот учи и тренира. Ако сакате вашето дете да вози велосипед, научете го да вози. Ако сакате вашето дете да може да чека, мора да го научите на трпение. Ако сакате вашето дете да може да комуницира, треба да го социјализирате. Истото важи и за останатите вештини.

3. Бескрајна забава

Создадовме вештачки свет за нашите деца. Во него нема досада. Штом детето ќе се смири, повторно трчаме да го забавуваме, бидејќи во спротивно чувствуваме дека не ја исполнуваме нашата родителска должност.

Живееме во два различни света: тие се во нивниот „забавниот свет“, а ние сме во другиот, „светот на работата“.

Зошто нашите деца не ни помагаат во кујна или во селектирање на алиштата за перење? Зошто не ги раскренат играчките, не ги наредат книгите, не се подготват за училиште?

Тоа е едноставна, монотона работа која го тренира мозокот да функционира извршувајќи здодевни задачи, истиот орган кој е потребен за учење во училиште.

Кога децата тргнуваат на училиште и доаѓа време да пишуваат, тие велат: „Не можам, премногу е тешко, премногу е здодевно. Зошто? Затоа што работниот орган не се тренира со бескрајна забава.“ Тој се тренира само додека работи.

4. Децата владеат со светот

„Мојот син не сака зеленчук.“ „Тој не сака да си легнува рано. „Не сака појадок.“ „Не сака да го практикува тој спорт затоа што тренерот многу му вика.“

Тоа е она што го слушаме од родителите цело време. Од кога децата ни диктираат како да ги воспитуваме? Ако им го препуштите тоа ним, ќе јадат само паста, ќе гледаат телевизија, ќе играат игри на телефоните и никогаш да не спијат.

Детето нема поим „што треба да прави“. За жал, за да ги постигнеме нашите цели во животот, честопати мора да го правиме она што е неопходно, но не она што сакаме.

Ако детето сака да стане студент, треба да учи. Ако сака да биде фудбалер, треба да тренира секој ден.

Нашите деца знаат што сакаат, но тешко им е да го направат потребното за да ја постигнат целта. Ова води кон недостижни цели и ги остава децата фрустрирани.

Тренирајте го нивниот мозок!

Можете да го тренирате мозокот на вашето дете и да го промените неговиот живот за да биде успешно во општеството, во емоционална, социјална и академска смисла.

Еве како:

1. Не плашете се да поставите граници

На децата им се потребни граници за да растат среќни и здрави.

Направете распоред за оброци, спиење, време за телефон и игри.

Размислете што е добро за децата, а не што сакаат или не сакаат. Ќе ви бидат благодарни за тоа подоцна.

Воспитувањето е тешка работа. Мора да бидете креативни за да ги натерате да го прават она што е добро за нив, иако најчесто тоа ќе биде спротивното од она што го сакаат.

На децата им е потребен појадок и хранлива храна. Тие треба да излезат надвор и да си легнат на време за да можат да дојдат на училиште следниот ден подготвени за учење.

Претворете го она што не сакаат да го прават во забавна, емоционално стимулативна игра.

2. Ограничете го пристапот до уредите и вратете ја емоционалната блискост со децата

-  Подарете им цвеќе, насмевнете им се, скокоткајте ги, ставете им порака во ранецот или под перницата, изненадете ги така што ќе ги однесете на ручек од училиште, танцувајте заедно, ползете, борете се со перници.

- Организирајте семејни вечери, играјте социјални игри, возете велосипед заедно и прошетајте навечер со батериска ламба.

3. Научете ги да чекаат!

- Нормално е да ти е здодевно, тоа е првиот чекор кон креативноста.

- Постепено зголемувајте го времето на чекање помеѓу „сакам“ и „добивам“.

- Обидете се да не користите телефон во автомобилот и рестораните, и научете ги децата да чекаат додека разговараат или си играат.

- Ограничете го постојаното грицкање.

4. Уште од мали нозе, научете го детето да работи монотоно, бидејќи тоа е основа за работната способност во иднина.

Нека ја здипли облеката, нека ги среди играчките, нека си ја закачи облеката, нека ги распакува намирниците, нека си намести го креветот...

Бидете креативни. Направете ги овие домашни обврски забавни, така што нивниот мозок ќе ги поврзува со нешто позитивно.

5. Научете ги на социјални вештини

Научете ги да делат, да можат да губат и да победуваат, да ги фалат другите, да кажат „благодарам“ и „ве молам“.

Врз основа на моето искуство како терапевт, можам да кажам дека децата се менуваат во моментот кога родителите го менуваат својот пристап кон воспитувањето. Помогнете им на вашите деца да успеат во животот преку едукација и тренирање на нивниот мозок пред да биде предоцна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата