Главните причини за овие разлики се даноците и придонесите за социјално осигурување. Во некои земји, семејните додатоци исто така имаат дополнително влијание.
Колку реално останува од платите низ цела Европа? И што ја намалува бруто заработката?
Одговорот зависи првенствено од тоа дали имате деца и дали вашиот партнер исто така има приход. Во некои земји, ова може да ве квалификува за додатоци или поврат на данок.
„Евроњуз“ анализираше три типични сценарија за 2024 година.
Бројките се базираат на лице кое заработува 100% од просечната национална плата. За оние со повисоки или пониски приходи, односот на бруто и нето заработка се менува.
Нето заработката е сумата што лицето или домаќинството го задржува откако даноците и придонесите ќе се одземат од бруто износот и ќе се додадат сите семејни додатоци.
1. Самохрано лице без деца
Според податоците на Евростат за 2024 година, просечното самохрано лице без деца во ЕУ задржува 68,6% од својата бруто заработка. Ако просечната плата во земјата е 1.000 евра, тоа значи дека едно лице задржува 686 евра, додека 314 евра одат за даноци и придонеси.
Во анализа на 31 земја (ЕУ + Швајцарија, Норвешка, Исланд, Турција), нето-приходот во однос на бруто-приходот се движи од 60,3% во Белгија до 84,4% во Кипар.
Земјите со најниски стапки на задржувања од плата (под 66%) се: Белгија, Литванија, Германија, Романија, Данска, Словенија и Унгарија.
Највисоки нето-заработки (над 75%) има во: Кипар, Швајцарија, Естонија, Чешка, Бугарија, Шпанија, Шведска, Словачка, Полска и Португалија.
Франција има стапка од 71,9%, а Италија 69,6%.
2. Семејство со еден вработен и две деца
За парови со деца каде што работи само едно лице, нето-заработката може значително да се зголеми. Просекот во ЕУ е 82,6%, со опсег од 70,4% во Романија до дури 107,1% во Словачка, каде што, благодарение на детските додатоци и „негативниот данок“, нето-заработката е поголема од бруто-заработката.
Земји со највисока нето-заработка во овој модел се: Словачка, Полска, Швајцарија, Чешка, Луксембург и Португалија (сите над 90%).
Најмали промени, пак, се забележани во: Турција, Грција, Кипар, Финска, Норвешка и Шведска.
3. Брачен пар со две деца, двајцата родители се вработени
Просечната нето-плата во овој модел е 73,6% од бруто-износот. Најниска е во Белгија (65,8%), а највисока во Словачка (88,9%).
Зголемувањето во споредба со самохрано лице без деца е најизразено во Словачка (+13 процентни поени).
Во повеќето земји, детските додатоци во овој модел не носат големо зголемување на нето-приходот.
Конкретни бројки и разлики: Во 2024 година, самохрано лице без деца кое заработува просечна плата во ЕУ задржало 29.573 евра од бруто 43.105 евра.
Швајцарија доминира:
Бруто плата > 100.000 евра, нето > 85.000 евра.
Над 50.000 евра нето плата годишно имаат:
Исланд и Луксембург.
Нето платите се најниски во:
Бугарија (11.074 евра) и Турција (11.440 евра).
Во уште пет земји (Холандија, Норвешка, Данска, Ирска, Австрија) нето платата надминува 40.000 евра годишно.
Семејство со еден вработен и две деца:
Опсегот е од 11.440 евра (Турција) до 98.835 евра (Швајцарија), просекот во ЕУ е 35.656 евра.
Семејство со двајца вработени и две деца:
Опсегот е од 22.880 евра (Турција) до 178.553 евра (Швајцарија), со просек во ЕУ од 63.523 евра.