Хаос во авион: Патниците се борат со гулаби, пилотот морал да преземе итни мерки (ВИДЕО)

29.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос во авион: Патниците се борат со гулаби, пилотот морал да преземе итни мерки (ВИДЕО)

Првиот гулаб го забележал патник пред полетувањето од меѓународниот аеродром Минеаполис-Сент Пол. Пилотот потоа ги известил патниците за птицата и наредил да се отстрани од авионот пред да се упати кон пистата.

Птиците ги исплашија патниците

Но, додека авионот се подготвувал за полетување, се појавил втор гулаб и прелетал по централниот ходник на кабината, предизвикувајќи вресоци и паника кај патниците.

„Пилотот рекол дека кога пријавил во кулата дека се враќаме назад поради гулаби, контролорот рекол дека му е прв пат“, напишал еден патник на Инстаграм, каде што ја споделил снимката.

@nbcnews

Two pigeons on a Delta flight delayed takeoff before being safely captured and removed by bagging handlers.

♬ original sound - nbcnews

Авиокомпанијата се извини

„Делта“ издаде соопштение во кое се извинува за непријатностите на летот, кој бил на пат кон Висконсин. „Делта ги цени внимателните реакции на нашиот персонал и патниците кои помогнаа во безбедното отстранување на двете птици од авионот пред полетувањето. Им се извинуваме на нашите патници за доцнењето“, се вели во соопштението.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата