- Бројката, измерена до крајот на 2024 година, е за 1,1 година повисока од онаа во 2020 година. Ова претставува значајно подобрување за земјата во развој, изјави Леи, кој ја води Националната здравствена комисија.
Како што пренесува државната новинска агенција Синхуа, oсум кинески покраини бележат просечен животен век од над 80 години, според властите.
Зборувајќи за напредокот на земјата во здравствениот сектор во текот на Петгодишниот плански период (2021 - 2025), кинескиот службеник рече дека стапките на смртност кај новороденчињата и мајките продолжиле да се намалуваат изминативе пет години и дека општото ниво на здравје на населението постојано се подобрува.