Пронајдена е непроценливата нараквица на фараонот- ја продале во Египет за 4.000 долари и ја стопиле

18.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пронајдена е непроценливата нараквица на фараонот- ја продале во Египет за 4.000 долари и ја стопиле

Нараквицата, украсена со монистра од лапис лазули, му припаѓала на кралот Аменемопе од Третиот преоден период околу 1000 година п.н.е., објави Ројтерс.

Нараквицата исчезнала на 9 септември од сеф во лабораторија, што ги натерало египетските власти да започнат потрага и да ги заострат контролите на аеродромите, пристаништата и границите поради страв од шверц.

Истрагата доведе до тоа специјалист за реставрација на музејот да го украде артефактот и да го продаде на трговец со накит. Трговецот му ја предал на сопственикот на работилница во историскиот дел на Каиро, кој ја продал нараквицата на топилница за злато, каде што металот бил измешан со други предмети.

Министерството во Египет соопшти дека осомничените се уапсени, а приходите од продажбата, во вредност од околу 4.000 долари, се запленети. Инцидентот се случил неколку недели пред планираното ноемвриско отворање на Големиот египетски музеј во близина на пирамидите во Гиза, клучен проект за промоција на древното наследство и привлекување странски туристи, објави Ројтерс.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата