Принцот Хари слета во Лондон утрово и беше однесен во замокот Виндзор, каде што положи венец и цвеќе и оддаде приватна почит на својата покојна баба во капелата „Свети Ѓорѓи“, на третата годишнина од нејзината смрт, објавува британскиот Телеграф.
Тој мораше да побара посебна дозвола за да го посети последното почивалиште на покојната кралица, исто како што направи минатата година.
Во исто време, принцот и принцезата од Велс беа само осум милји оддалечени, од другата страна на Големиот парк Виндзор, каде што присуствуваа на заеднички јавен настан во спомен на покојната кралица.
Додека разговараше на чај и колачи со членовите на огранокот Санингдејл на Женскиот институт, принцот Вилијам рече дека „не може да верува дека веќе поминаа три години“ од смртта на неговата баба.
Кога го прашале за своите деца, тој признал дека неговиот помлад син, принцот Луис, кој има седум години, е „вистинска личност“ и „навистина добро момче“, додека принцот Џорџ, кој има 12 години, знае како да се однесува јавно, но дека „зад затворени врати тоа е сосема друга приказна“.
Принцезата открила дека таа и децата „изработувале ракотворби во секој агол од куќата“ за време на летните одмори.
Покојната кралица Елизабета Втора е погребана во спомен-капелата на кралот Џорџ VI, покрај нејзиниот сопруг, родителите и сестрата.
*checks her flight app and PMK's schedule*
— Lisa Robel (@lisarobel) September 8, 2025
Where IS Kris Jenner at the moment? IDK how she manages to cover up all the things going on and still make her family marketable but ... she has/does.
Her skills are needed ...
Link in comments. Hate the game, not the player. pic.twitter.com/jXTCZVs8dZ
Војводата од Сасекс, кој последен пат ја посети Велика Британија во април, ќе помине неколку дена зајакнувајќи ги врските со своите добротворни организации што работат во Велика Британија.
Наводно, тој многу се радувал на ова патување, а изворите откриле дека е „во навистина добра ментална состојба“ и „позитивен“, пишува Телеграф.