Премиерот на Сингапур: На светот му се заканува глобален економски хаос

24.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Премиерот на Сингапур: На светот му се заканува глобален економски хаос

Премиерот на Сингапур Лоренс Вонг повика на итна акција за поттикнување на либерализацијата на трговијата и заштита на глобалните заеднички интереси, предупредувајќи дека светот го очекува „хаотична транзиција кон постамерикански поредок“, пишува „Фајненшл тајмс“.

Вонг изјави дека светот се наоѓа во екот на голема транзиција која би можела да трае цела деценија.

- Нема сомнеж дека ќе биде хаотично и непредвидливо, бидејќи Америка се повлекува од својата улога на глобален осигурувач, но не постои ниту една друга земја која е способна или подготвена да го пополни тој вакуум, рече Вонг.

Сингапур, како голем корисник на повоената ера на глобализација и мултилатерализам, не може да си дозволи „да чека работите да се случат или да се надева дека магично ќе си дојдат на свое место“, додаде премиерот. Тој нагласи дека мора да се дејствува веднаш „на изградба на нови трговски врски и зачувување на замавот на либерализацијата на трговијата“.

- Не можеме тоа да го направиме сами, но ќе го правиме со други земји истомисленици, порача Вонг.

Неговите коментари доаѓаат пред два важни собири на регионалните лидери следната недела – самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Малезија и форумот за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК) во Јужна Кореја, на кои се очекува да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата