Станицата „Лизиба“ во Чонгкинг, Кина, е веројатно единствената железничка станица во светот сместена сред станбена зграда. И тоа, таа се наоѓа меѓу шестиот и осмиот кат на 19-катната зграда - и, според многумина, навистина е неверојатно да се гледаат возовите како минуваат низ „утробата“ на облакодерот.
Можеби ќе ве интересира: Кина гради џиновски ветерни турбини отпорни на тајфуни
Возот бил планиран кога самата зграда била изградена. Шините, притоа, биле провлекувани низ постоечкиот облакодер, иако често се верува дека е поинаку. И, неверојатно, но вистинито - жителите речиси и да не слушаат бучава благодарение на одличната изолација. Станицата Лизиба е омилена атракција во Чонгкинг, а покрај гледањето на возовите или самото возење во нив, посетителите доаѓаат во туристичкиот центар и заради изложби, прочетки, сувенири.
Сместен во планините на југозападна Кина, кинескиот град Чонгкинг - поради својата посебна географска местоположба, немал простор да расте никаде освен нагоре, што и резултирало со неговата чудна архитектура. Обичното урбанистичко планирање не било можно, па градот прераснал во повеќеслоен лавиринт. За туристите, па дури и за некои тамошни жители (од 32 милиони кои живеат таму), истражувањето на Чонгкинг и лутањето по неговите улици се најголемите знаменитости.