Некој паркирал тротинет на врвот на мост во Краков, висок 40 метри- му се заканува затворска казна (ВИДЕО)

21.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Некој паркирал тротинет на врвот на мост во Краков, висок 40 метри- му се заканува затворска казна (ВИДЕО)

Непознат „шегаџија“ оставил електричен скутер врз мостот, веднаш над реката Висла!

Бизарната приказна стана вирална, а фотографиите и видеата од „паркираниот“ тротинет на висина од 40 метри предизвикаа лавина од коментари. Повеќето се прашуваат како скутерот воопшто стигнал таму?!

Три часа за спуштање на скутерот

Полицијата добила пријава, по што на местото на настанот била испратена патрола. Повикани биле и пожарникари, а биле потребни три часа за безбедно спуштање на тротинетот на земја.

Во тоа време, полицијата го обезбедила подрачјето, а сега истрагата се фокусира на идентификување на лицето или лицата кои го извршиле ова ризично и неодговорно дејствие.

Според комесарот Пјотр Шпиех, портпарол на полицијата во Краков, непознат сторител, или неколкумина од нив, нарушиле приватен имот, бидејќи тој е во сопственост на градскиот водоводен систем.

Закана со затворска казна

Покрај тоа, оставањето на електричниот скутер на таква висина можело да доведе до сериозни повреди или дури и смрт на минувач доколку паднел.

„Некој можел да биде веднаш под мостот во тој момент и да биде убиен. Ова е исклучително неодговорно и опасно однесување, не само за сторителот, туку и за неговите сограѓани“, истакна Шпјех.

Непознатиот „шегаџија“ се соочува со затворска казна до три години, објави tvn24.

„Вистинска опасност“

Властите апелираат до граѓаните да се воздржат од слични „преземања“ што би можеле да имаат сериозни последици.

„Ова не е шега, туку вистинска опасност и непотребно ангажирање на службите за итни случаи што можело да биде потребно на друго, поитно место“, заклучи комесарот Шпјех.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата