– По повод осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена, со особена радост ве покануваме да земете литургиско учество во овој свечен и бележит настан, соопштија од МПЦ-ОА.
Осветувањето ќе го изврши неговото блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од Црквата.