Мрмотот Фил предвиде уште шест недели зима (ВИДЕО)

3.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мрмотот Фил предвиде уште шест недели зима (ВИДЕО)

На годишниот ритуал во американската сојузна држава Пенсилванија, мрмотот денеска ја виде својата сенка, по што се верува дека претстојат уште шест недели зимско време, а слични собири се одржани во најмалку 28 американски сојузни држави и канадски провинции.

На ритуалот, кој има традиција од повеќе од еден век, денеска во Пенсилванија присуствуваа рекорден број луѓе, пренесе АП.

По филмот на Бил Мареј од 1993 година „Ден на мрмотот“, настанот стана популарен.

Публиката присуствува на огнометот и концерт додека чекаше да изгрее сонцето и да се појави мрмотот Фил.

Фил предвидувал подолга зима многу почесто од рана пролет, а според анализите бил во право помалку од 50 проценти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата