Купил слика на пазар, дури по 15 години дознал дека дома има ремек-дело

3.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Купил слика на пазар, дури по 15 години дознал дека дома има ремек-дело

Сликата, која била непотпишана, ја купил Паоло Гучини, претприемач и колекционер од Реканати, родниот град на поетот Џакомо Леопарди.

Иако сликата не била потпишана, на нејзината позадина е пронајден печат на продавница во Монмартр која снабдувала уметници на почетокот на 20 век, што го поттикнало сопственикот на дополнително истражување, објави Анса.

Архивата Модиљани во Рим потврдила дека сликата потекнува од уметникот од Ливорно, а ова сега е официјално објавено во шестото издание на Архивата Модиљани.

Се верува дека личноста на портретот е Марио Кавалиери, пријател на Модиљани, кого уметникот го запознал во Венеција и кој му понудил гостопримство во младоста.

Модиљани, кој почина на 35-годишна возраст, ја започна својата кариера сликајќи портрети на неговите пријатели и познаници, па овој портрет би можел да биде едно од првите дела што ги насликал по пристигнувањето во Париз.

Таа слика сега е дел од приватната колекција на Гучини.

Делата на Модиљани се продаваат за милиони на аукции, а особено се барани неговите портрети на жени со долг врат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата