Купил дупчалка онлајн за 40 долари, содржината на пакетот го шокирала (ВИДЕО)

3.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Купил дупчалка онлајн за 40 долари, содржината на пакетот го шокирала (ВИДЕО)

На почетокот на ноември 2024 година, поранешниот механичар и мајстор посетил добро познат сајт за онлајн шопинг и платил за нова дупчалка и мијалник под притисок, не сфаќајќи какво изненадување го чека.

Еден месец подоцна, Френклин го добил пакетот и возбудено го отворил. Она што го пронашол внатре го оставило без зборови, пренесува New York Post.

Наместо платениот алат, добил слика од бормашина и додаток -метален шрафцигер!

„Бев вознемирен. Ме измамија. Мора да платат за тоа што го направиле. Веднаш контактирав со нив, но не ми одговорија“, тврди жителот на Савана.

Тој додава дека алатот би го користел кога прави поправки низ куќата или на неговиот автомобил.

„Ова е многу лошо. Никогаш не треба да ги лажете луѓето. Кога плаќам за нешто, очекувам да го добијам тоа што ми треба“, заклучил тој.

Останува да видиме дали Френклин ќе добие рефундирање, или нарачаните алатки ќе му бидат доставени на домашна адреса.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата