Снимката, која стана вирална и ја презеде и CNN, покажува како ветеринарите брзо носат мечка од 45 килограми, Окан, во одделот за итни случаи на преглед откако се разболело од премногу овошје.
Окан, најпознатиот жител на зоолошката градина Чекмекој во Истанбул, веднаш бил однесен на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот Џерахпаша, каде што бил подложен на темелен преглед.
- Нашето мече Окан беше примено поради болка и непријатност во стомакот. Ветеринарот веднаш забележа напнатост, па му беше направена компјутерска томографија за да се исклучи присуството на маса. Резултатите беа нормални, како и неговата крвна слика, и сега е добро. Тој е многу питом и среќен, а наскоро ќе се разладува во базенот - рече Бурак Мемишоглу, претседател на Управниот одбор на Паркот за природа и живот во Истанбул, пренесе Јутарњи.
In Istanbul, a bear named Okan got sick at an animal shelter and went to the hospital for an MRI.
— Enes Çallı (@enescalli1) September 2, 2025
After treatment, he came back to the shelter. 🐻🐻pic.twitter.com/Q9g05p62Ys
Окан стана вистинска ѕвезда по оваа епизода - посетителите го препознаваат од вестите, а многумина се сеќаваат и дека пред три години завршил во болница од истата причина. Тогаш го доби името Окан, бидејќи новиот вработен, кој го однел кај ветеринар, не го знаел неговото име и му го дал своето име.
Вработените во зоолошката градина сега внимателно ја следат исхраната на мечката за да се осигурат дека оваа ситуација нема да се повтори. - Нашите ветеринари и биолози ја следат количината на храна, која не се менува - Окан јаде сезонско овошје и зеленчук во лето, додека во зима добива риба и мед - додаде Мемишоглу.