Кога Офелија (вистинското име не е објавено) ја однела својата 13-годишна ќерка кај специјалист за да ѝ стави протези, таа немала поим какво изненадување ја чека.
Стоматологот ја покажал снимката
„Стоматологот се вратил со рендген и сите поминавме неколку минути обидувајќи се да сфатиме во што гледаме“, рекла мајката.
Снимањето јасно покажало парче метал заглавено во синусите на тинејџерката (!), но мајката не можела да објасни како се нашло таму. Девојчето ја знаело вистината, но молчело.
Сепак, немала избор, па затоа сè признала, објавува Newsweek.
Очајно сакала пирсинг
Сè започнало пред шест месеци, кога нејзината ќерка, која штотуку наполнила 13 години, ја замолила мајка си да ѝ дозволи да си го прободе носот.
„Таа има пријателка која си го прободела носот, па и таа сакала да го направи. Но, ѝ реков дека мора да почека додека не наполни 16 години“, објаснила Офелија.
Сепак, девојката сакала пирсинг по секоја цена, па зела обетка и се обидела да ја протне низ носот.
„Не знам дали кивна или што точно се случи, но на крајот ја вдиша обетката, која ѝ се заглави во синусите“, додаде нејзината мајка.
Обетката отстранета со пинцета
Девојката не признала веднаш што се случило бидејќи се засрамила.
„Не почувствува никаква болка и на крајот заборави на обетката, или претпостави дека ѝ пропаднала во грлото“, рече Офелија.
Сè ќе останеше скриено да не беше стоматолошкиот преглед. Нејзината мајка ја објави рендгенската снимка на Reddit, која брзо стана вирална.
Добрата вест е дека сè завршило среќно и безболно.
„Кога сфативме што е и како стигнало таму, го повикав докторот, кој претходно ѝ ги отстранил крајниците. Тој го реши проблемот со обетката користејќи долги медицински пинцети. Ќерка ми не почувствува болка за време на процесот“, рече Офелија.