Нејзината измама успеала. Сите ѝ верувале, од семејството и пријателите до нејзиниот сопруг. А причината зошто го направила тоа остава без зборови - Кармен се преправала дека е слепа само за да не мора да разговара со луѓето што ги запознала на минување.
Денес, на 57-годишна возраст, Кармен признала дека со години ги лажела сите околу себе. Нејзините најблиски, велат тие, повремено се сомневале во нејзината состојба, но никогаш немале докази.
Нејзиниот сопруг им кажал на медиумите дека повремено забележувал дека Кармен се однесува сосема нормално - гледала телевизија и се чинело дека знае што се случува. „Бев шокиран кога дознав дека не е слепа“, рече тој.
„Се чувствував непријатно да се среќавам со луѓе и да морам да ги поздравувам. Не сум друштвена личност. Кога им кажував на сите дека сум слепа, ги избегнував тие незгодни ситуации“, објасни Кармен.
Освен што ги шокираше нејзиното семејство и пријателите, таа сега се соочува со правни последици бидејќи со години добивала финансиска помош наменета за лица со попреченост,објави Она. Државата сега бара таа да ги врати сите пари што ги добила без оправдување.
Кармен Хименез призна дека никогаш не го сакала општеството и дека се чувствувала удобно луѓето да веруваат дека е слепа, бидејќи на тој начин не морала да комуницира со оние што не ги сакала.

