Имено, (не толку) чесните сестри Мери Крупер и Лана Чанг краделе пари од донации и од платена школарина. Мери била директорка 29 години, а Лана 20 години била наставничка во училиштето. Се верува дека краделе повеќе од 10 години, пренесува српска „Политика“.
И двете неодамна се пензионирале.
Училиштето објави дека калуѓерките изразиле длабоко жалење за она што го сториле и оти нема да поднесат обвиненија против нив, туку само дека ќе ја известат полицијата за тоа што се случило.