Јулската жештина ги „стопи“ северноевропските земји

15.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јулската жештина ги „стопи“ северноевропските земји

 Најстудените европски земји Норвешка, Шведска и Финска ова лето имаат натпросекот високи температури или како што објаснуваат научниците „супермоќна жештина“.

Јулското жешко лето не ги одмина и овие земји и донесе последици по здравјето, природата и економијата.  Во Финска беа измерени 22 последователни дена со температури над 30°c, додека Шведска забележа 10 „тропски ноќи“ по ред, кога температурата не падна под 20°c.

Научниците од соработката „world weather attribution (wwa)“ тврдат дека глобалното затоплување, предизвикано од согорувањето на фосилни горива, ја направило оваа жештина најмалку 10 пати поверојатна и за 2°c потопла од природното ниво. Некои модели покажуваат дека ваков настан би бил невозможен без човеково влијание врз климата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата