Јапонија: Осум мацутаке печурки продадени за 5.000 евра

20.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јапонија: Осум мацутаке печурки продадени за 5.000 евра

Според гласилото, печурките имале должина од 6,5 - 11 сантиметри и тежина од вкупно 263,5 грама, што ги прави најтешките од првите сезонски печурки откако пазарот отворен 2018 година. Иако печурките мацутаке обично се продаваат за 100.000 до 150.000 јени (560 - 850 евра) по килограм, вредноста на свежо набраните печурки брзо се зголеми на аукцијата. Главниот готвач на ресторанот на хотелот „Танбасасајама кинмата“, Норицугу Јошимура (39), кој успешно наддаваше за печурките, рече дека е среќен што ги купил.

- Хотелот служи мацутаке печурки од целата земја. Но, овие произведени во овој град имаат добра арома и богат вкус. Ми олесна што победив на наддавањето, бидејќи некои од нашите гости со нетрпение очекуваат да ги пробаат, рече готвачот.

Тој има намера да им послужи печено мацутаке на гостите што ќе преноќат во хотелот.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата