Со себе носи ветрови што дуваат со брзина од околу 280 км/ч. Ураганот често ја менува својата патека, па затоа не е јасно кога точно ќе дојде над островот. Тоа би требало да се случи во следните неколку часа.

Три лица веќе загинаа на Јамајка, додека островот се подготвува за најсилната бура во светот оваа година, а можеби и најсилната досега регистрирана на островот.

Американските метеоролози предупредуваат на „катастрофални и опасни по живот“ услови. Со ветрови до 282 км/ч, ураганот Мелиса е бура од категорија 5 (највисоката можна).

Тој дополнително се зајакнува и се очекува да го погоди карипскиот остров денес. Премиерот на Јамајка вели дека во регионот нема инфраструктура што може да издржи ураган од категорија 5.

