Италијанците повторно бесни- турист се обидел да украде „сувенир“ од Помпеја

14.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијанците повторно бесни- турист се обидел да украде „сувенир“ од Помпеја

Туристички водич го забележал човекот вчера вечерта како собира неколку фрагменти од земјата и ги става во ранец, соопштија карабињерите.

Туристот бил фатен, а предметите биле вратени во Помпеја.

Водичот ги известил безбедносните службеници, а полицијата подоцна го запрела човекот во близина на железничката станица. Во неговиот ранец пронашле камења и фрагмент од тула, наводно земени од место старо речиси 2000 години.

Тој бил обвинет за голема кражба, а артефактите биле вратени во археолошкиот парк.

Помпеја била затрупана од вулканска пепел во 79 година од н.е., по ерупцијата на Везув.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата