„Ајкула ми ја изеде пријателката пред очи, јас имав среќа“ - Американка со потресна приказна

14.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Ајкула ми ја изеде пријателката пред очи, јас имав среќа“ - Американка со потресна приказна

Тие отпловиле од брегот на Флорида во Атлантскиот Океан, планирале мала морска авантура, но сè се претворило во сценарио од хорор филм...

Одеднаш се појавила бура што го преврте нивниот брод. Се нашле во море полно со ајкули...

„Тогаш реалноста нè удри во глава. Бевме многу тивки“, изјави Тамара за емисијата „Преживеав“, пишува Мирор.

Тие се држеле во морето за превртениот брод некое време, но никој не ги видел. Па решиле да отпливаат кон брегот, додека сè уште имаат сила...

Ајкула ѝ ја изеде пријателката пред нејзините очи

„По околу еден час пливање, ја слушнав Кристи како вреска. На почетокот мислев дека се дави и ѝ викнав да не се откажува. Но, потоа сфатив дека ајкули ја опкружуваат. Следната сцена беше како од филмот „Ајкула“, таа почна да „скока“. Во тој момент знаев дека ја нападнала ајкула“, вели Тамара и продолжува:

„Кристи почна да вреска да дојдеме до неа, а следниот момент беше мртва. Знаев дека нема што да направам и продолжив да пливам, само за да почувствувам дека нешто ми поминува под нозете во тој момент. Беше ајкула, поголема од мене. Тогаш решив да размислувам како да е риба, во таа милисекунда си помислив во главата „И јас припаѓам тука, тргни ми се од патот“. Продолжив да пливам и ајкулата не ме нападна“, рече Тамара.

Таа продолжила да плива, сè траело со часови, почнала да халуцинира, вели дека животот ѝ се појавил пред очите... Морските струи ја одделиле од нејзините пријатели.

Осум часа пливање за спасување

По околу осум часа, Тамара се приближила до брегот каде што ја забележал спасител. Тој ја извлекол на безбедно.

„Му кажав дека пливам со часови, дека едно лице е мртво, дека не знам каде се двете лица што беа со нас на бродот. Не знаев дали преживеале“, рече Тамара.

За среќа, и Ренди и Даниел биле спасени.

„До ден-денес, околу 40 години подоцна, не влегувам во темно море. Смртта во таа несреќа не беше опција за мене. Размислував за моето семејство, за иднината, не се предадов на негативните мисли и затоа преживеав“, рече Американката како заклучок.

Телото на нејзината пријателка Кристи никогаш не било пронајдено.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата