„Ја истражуваме сомнежата дека „Temu“ би можел да им наметнува недозволени услови за формирање цени на трговците на германскиот пазар,“ изјави претседателот на канцеларијата, Андреас Мундт.
„Таквите услови би можеле да претставуваат значајни ограничувања на конкуренцијата и на крај да доведат до зголемување на цените на други продажни канали,“ додаде тој, а пренесува Ројтерс.
Moжеби ќе ве интересира:
- Нарачала чантичка преку „Temu“, но се испотила кога го отворила пакетот: „Да, беше евтино...“ (ВИДЕО)
- Неверојатно е тоа што го прават „Тему“ и „Шејн“: Европа реагираше – еве што прават со производите
- Царините би можеле да ги поскапат производите на Тему?
Постапката е покрената против „Whaleco Technology Limited“, компанија со седиште во Даблин, која под брендот „Temu“ работи во Германија.
Од „Temu“ изјавија дека се придржуваат до сите важечки закони и прописи на пазарите каде што функционираат. „Уверени сме дека сите поврзани прашања ќе можат успешно да се решат,“ стои во соопштението што го испратија по електронска пошта.
Платформата „Temu“, која нуди широк спектар на производи, е отворена за германски трговци отприлика една година, рече Мундт.
Во моментов „Temu“ има околу 19,3 милиони активни корисници во Германија, а повеќе од 100 милиони корисници ја користат нејзината европска онлајн платформа секој месец, според податоците на канцеларијата.