Француз правел базен во дворот, кога нашол златни прачки, вредни 700.000 евра

6.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Француз правел базен во дворот, кога нашол златни прачки, вредни 700.000 евра

За време на работата на базенот, тој пронашол пет златни прачки и неколку златни монети завиткани во пластични кеси во земјата, објавија локалните медиуми.

Постојат сериски броеви

Тој веднаш ги известил локалните власти за откритието, по што Регионалната дирекција за културни работи (DRAC) го презела случајот, кој ја исклучил можноста за археолошко откритие.

Со ова се потврдило дека пронаоѓачот е законски сопственик на богатството.

Според полицијата, златните прачки носат сериски броеви што овозможиле да се утврди нивното потекло.

Што е откриено?

Утврдено е дека тие биле стопени пред не повеќе од дваесет години од компанија во регионот Лион и дека биле легално стекнати.

Поранешниот сопственик на земјиштето починал, а потеклото на скриеното злато е непознато.

Полицијата потврди дека не е регистрирана кражба или грабеж во врска со овој случај.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата