- Ова ќе биде ден кога храната ќе раскажува приказни за зачувани сорти, за вредните раце што нежно ги негуваат, и за трпези кои се полнат со добра, чиста и правична храна, наведуваат организаторите.
Овојпат, во фокусот ќе биде планинскиот чај, чиешто мирисно и лековито богатство ќе го открие Самет Абдули од Ростуше, Маврово – чувар на традицијата и раскажувач на билкарските тајни на планината.
За најмладите магионичарот Кристијан, со својот едукативен настап ќе покаже дека и храната може да биде вистинска магија.
Артисан пекара Пан Пан ќе одржи работилница за кисело тесто, каде љубителите на автентичен леб ќе имаат можност да научат како да создадат свој, „жив леб", кој расте полека, но со душа.
Целта и оваа година е поддршка за малите производители, кои ја чуваат традицијата, но смело чекорат со современите вредности и трендови.
На фестивалот ќе земат учество над 25 Слоу Фуд производители од цела Македонија, носејќи со себе вкусови, мириси и приказни од различни краеви на земјата.
А покрај храната, ќе Фестивалите и музика– зад диџеј пултот ќе биде DJ Soul Case.
Фестивалот се реализира со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.