Проценката се базира на националните планови за клима и енергија во кои земјите-членки треба детално да објаснат како планираат да ја постигнат долгорочната цел на блокот да станат климатски неутрални до 2050 година и да ги намалат емисиите за повеќе од половина до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година, пренесе ДПА.
Комисијата ги повика земјите-членки да останат на курсот и целосно да ги спроведат своите планови.
- Емисиите од 1990 година се намалени за 37 проценти, додека економијата порасна за речиси 70 проценти – докажувајќи дека климатската акција и растот одат рака под рака, рече комесарот на ЕУ за климата, Вопке Хоекстра.
- Сега мора да градиме врз основа на овој моментум, нагласи тој.
- Инвестирањето во чисти технологии и иновации е од суштинско значење за индустриската конкурентност и отвора нови пазари за компаниите од ЕУ. Нашата посветеност на чистата транзиција им дава јасност на инвеститорите и ја зајакнува отпорноста и просперитетот на Европа рече Хоекстра.
Тој нагласи дека сега е одлучувачки момент и оти секој сектор во секоја земја-членка мора да придонесе за реализација.