Оваа двокатна вила од над 100 квадратни метри зрачи со луксуз – има пет спални соби, прозорци од под до таван, приватен спа-центар со базен, сауна и парна бања, како и тераса со панорамски поглед кон зајдисонцето над градот.
Имотот вклучува и салон, трпезарија и билијарска соба, а сè е опремено со внимателно одбрани парчиња мебел во неутрални бои, пишува „Блиц Бизнис“.
Локацијата веднаш до океанот, во непосредна близина на ексклузивни продавници, ресторани и уметнички галерии, ја прави оваа недвижнина уште поатрактивна. Во близина се наоѓаат и домовите на светски ѕвезди, вклучувајќи ги Џенифер Лопез и Лионел Меси.
Вајцман, основач на компанијата „Viridium LLC“ и сопственик на фирмата за рециклажа „Upstate Shredding“, е познат по своите успеси во бизнисот и бројни индустриски награди.
Оваа продажба уште еднаш потврдува колку пазарот на луксузни недвижнини на Флорида и понатаму е во пораст.