Тие се долготрајни (можат да издржат над 20 години без проблеми), обезбедуваат одлична топлинска изолација бидејќи се направени од материјали со ниска спроводливост, како и звучна изолација до 48 dB.
Покрај тоа, ПВЦ прозорците можат да издржат неповолни временски услови, тие не гнијат, а и не ги напаѓаат штетници како дрвените прозорци. Во споредба со дрвените прозорци, ПВЦ прозорците не бараат толку многу одржување, доволно е да ги избришете со влажна крпа или доколку се многу извалкани, се чистат со благ раствор на детергент.
Денес ПВЦ прозорците се појавуваат во мноштво бои и дизајни, дури можат да имитираат и природни материјали, како на пример, дрво. Може да се одлучите дури и за двобојни профили, кои имаат различна боја однадвор и внатре, за подобро да се вклопат во внатрешноста, односно фасадата.
Сепак, предноста на ПВЦ прозорците за која се одлучуваат повеќето луѓе е пониска цена во споредба со другите материјали. Најевтините ПВЦ прозорци се движат од 80 евра и нагоре. Сепак, има и такви кои се 3 пати поскапи. Затоа истражуваме - од што зависат цените на ПВЦ прозорците?
Фактори кои влијаат на цените на ПВЦ прозорците
Бројот на комори на ПВЦ рамката
ПВЦ профилите се состојат од комори, таканаречени воздушни џебови. Едната комора е секогаш поголема од другите и содржи челичен профил, додека другите содржат воздух. А бидејќи воздухот е одличен изолатор, поголем број на комори значи подобра топлинска изолација на прозорецот. Коморите во ПВЦ прозорецот спречуваат загуба на топлина. Денес, ПВЦ прозорци генерално се состојат од 5 или 6 воздушни комори, што е одлично од енергетска гледна точка.
Но, колку е поголем бројот на комори, толку е поголема цената. Сепак, таа не се менува драстично. На пример, разликата помеѓу ПВЦ прозорци со 5 и прозорци со 6 комори е околу 15 евра.
Тип на стакло на ПВЦ прозорци
Може да се каже дека стаклото „игра“ уште поважна улога бидејќи сочинува 70% од површината на прозорецот. Можете да изберете помеѓу двојно и тројно застаклување. Тројното застаклување е подобар избор бидејќи обезбедува подобра топлинска изолација. Имено, со тројно застаклување има две воздушни комори, а со двојно застаклување само една воздушна комора. Тоа се одразува и на топлинските загуби - со двојно застаклување загубата на топлина изнесува 1,1 W/m2K, додека со тројно застаклување е двојно пониска - 0,5 W/m2K.
Сепак, важно е да се истакне дека прозорците со тројно застаклување, во просек, се 25-30% поскапи за разлика од двојно застаклување. Доколку се одлучите за стакло со ниска емисија, Low-E, цената ќе биде уште поголема.
Димензии на ПВЦ прозорци
Стандардните димензии на ПВЦ прозорците се 60x120 цм или 80x160 цм. Нестандардните големини секогаш ќе бидат поскапи. Ова правило важи не само за ПВЦ прозорци, туку и за прозорци направени од други материјали. Исто така, колку е поголем прозорецот, толку повеќе неговата цена пропорционално ќе се зголемува.
Форма на ПВЦ прозорци
И во овој случај, нестандардни прозорци значат повисока цена. ПВЦ прозорците обично се правоаголни и како такви секогаш ќе бидат поевтини, на пример, од кружните. Причината лежи во фактот дека во случај на нестандардни форми, прозорците се прават по нарачка.
Начин на отворање на ПВЦ прозорци
На самата цена на ПВЦ прозорецот влијае начинот на неговото отворање. Најевтини секако ќе бидат фиксните ПВЦ прозорци, оние кои не се отвораат. Прозорците со едно крило се секогаш поевтини од прозорците со две или повеќе крила. Исто така, поскапи се прозорците со лизгачки, лизгачки-кревачки или преклопувачки механизми, бидејќи имаат посложени системи.
Додатоци за ПВЦ прозорци
Доколку сакате со прозорците да се вградат и ролетни и мрежи против комарци, цената разбирливо ќе се зголеми. Цената подоцна ќе варира во зависност од тоа дали се работи
за мрежи за комарци со ПВЦ или алуминиумска рамка, фиксна или подвижна, ролна, панелна мрежа за комарци или плисирана мрежа за комарци. Доколку сте се одлучиле за надворешни ролетни, цената ќе зависи од тоа дали се направени од ПВЦ или од алуминиумски летви и сл.
Доколку во цената не е вклучена и цената на монтажа, на вкупниот износ за изработка мора да го додадете и тој трошок. RAL монтажа на прозорци е секогаш најдобриот избор, иако е и најскапиот.