Драма во Канада: Познат парк се заканува дека ќе убијат 30 белуга китови

8.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма во Канада: Познат парк се заканува дека ќе убијат 30 белуга китови

Паркот имал намера да ги испрати китовите во Кина бидејќи се соочува со критики за благосостојбата на животните и сериозни финансиски тешкотии, објави Би-Би-Си.

Сепак, канадската влада минатата недела одби дозвола за преместување, наведувајќи загриженост дека китовите би можеле да бидат подложени на слични несоодветни услови што се сметаат за „третман за јавна забава“.

Потоа „Маринленд“ побарале федерално финансирање за да продолжат да се грижат за китовите, но барањето било одбиено, а канадската министерка за рибарство Џоан Томпсон го нарече несоодветно.

Бидејќи паркот се затвора и останува без средства за одржување на животните, „Маринленд“ сега вели дека може да биде принуден да ги успие белугите, според извештаите во „Њујорк тајмс“ и „Си-Би-Си њуз“.

Паркот ја опиша оваа можност како „директна последица на одлуката на министерот“. Паркот им рече на министрите дека е во „критична финансиска состојба“ и не е во можност да обезбеди соодветна грижа за китовите. Сепак, Томпсон одговори дека само затоа што Маринленд нема одржлива алтернатива за китовите, не значи дека канадската влада треба да ги сноси трошоците за грижа за нив.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата