Девојка на позната плажа направила опасна грешка, на што мора да внимаваат сите туристи (ВИДЕО)

28.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Девојка на позната плажа направила опасна грешка, на што мора да внимаваат сите туристи (ВИДЕО)

Видеото што ја открива нејзината голема грешка, додека престојуваше на плажа, стана вирално за кратко време и „собра“ над осум милиони прегледи.

Уживање во плитките води

„Кога нема никој во водата.... Јас сум целосно несвесна“, напиша девојката.

Можеме да ја видиме како ужива во плитките води, додека во позадина е видлив живописниот пејзаж. Сепак, еден детаљ што не треба да го пропуштите - црно знаме што се вее на ветерот.

Миранда не знаеше дека во локалниот систем за предупредување, црното знаме означува „највисоко ниво на опасност“, односно дека пливањето е забрането поради силни струи, високи бранови или приближувачка бура.

@mirandasharpe Replying to @Deegan Lindsey I have some survival instincts I swear #fyp #foryoupage #fy #crocodile #mexico #travel #beach ♬ back to the ocean - beachbumblaine

„Требаше да прашам...“

Подоцна се распрашала во хотелот и дознала од персоналот дека наводно е виден крокодил во областа, што ја ужаснало, објавува Newsweek.

„Снимката е направена во сабота, на 17 мај. Искрено, требаше да прашам што значи црното знаме“, рече таа.

@mirandasharpe Black flag= predator in water.. now I know why I was getting called Crocodile Dundee… #fyp #foryoupage #mexico #travel #beach #crocodile ♬ Oh No - Kreepa

Корисниците на TikTok реагираа на снимката. Па еден напиша: „Црното знаме означува небезбедна вода во која не треба да се плива“.

Друг додаде: „Дали сум единствената што не знае дека постои црно знаме?!“.

Трет понуди предлог: „Можеби треба да има знаци. Само затоа што локалното население знае што значат знамињата, не значи дека и туристите знаат“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата