Денес се празнува Свети Лука — еве што секој верник задолжително треба да направи

31.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денес се празнува Свети Лука — еве што секој верник задолжително треба да направи

Свети Лука бил родум од Антиохија, по професија лекар, а по вера — ученик на апостол Павле. Тој го придружувал Павле во неговите мисионерски патувања и бил сведок на ширењето на христијанството меѓу незнабошците.

По преданието, Свети Лука не само што го напишал Евангелието по Лука и Делата на светите апостоли, туку бил и првиот иконописец — тој ја насликал Пресвета Богородица со Младенецот, како и апостолите Петар и Павле.

Се вели дека бил пример на смирение, мудрост и вера, а неговите зборови и денес нè потсетуваат дека вистинското исцеление доаѓа од љубовта и милоста Божја.

На овој ден, верниците му се молат за здравје, исцеление и духовна сила, бидејќи Свети Лука се смета и за заштитник на лекарите и сите кои им помагаат на болните.

Живот на Свети Лука

Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Јерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, свети Лука беше вбројан меѓу Седумдесетте апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24). По слегувањето на Светиот Дух на апостолите, Лука се врати во Антиохија и таму му стана сотрудник на светиот апостол Павле со когошто патуваше во Рим, обраќајќи ги во Христовата вера Евреите и незнабожшците. „Ве поздравува Лука, лекарот љубезен“, им пишува на колосјаните светиот апостол Павле (Колосјани 4, 14). На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. После маченичката смрт на апостолот Павле, свети Лука го проповедаше Евангелието по Италија, Далмација, Македонија и на други места. Ја иконописаше Пресвета Богородица - и тоа не една туку три икони - а исто така, и светите апостоли Петар и Павле. Оттука, свети Лука се смета за основач на христијанскиот иконопис. На старост го посети и Горен Египет. Од Египет се врати во Грција, каде што со голема ревност продолжи да проповеда и да ги обраќа луѓето кон Христа, не обѕирајќи се на својата длабока старост. Свети Лука ги напиша Евангелието и Делата Апостолски, обете посветувајќи му ги на Теофил, кнезот на Ахаја. Имаше осумдесет и четири години кога злобните идолопоклоници го подложија на маки заради Христа и го обесија на една маслинка во градот Тива (Теба) Беотиска. Чудотворните мошти на овој прекрасен светител во времето на Константиновиот син, царот Констанциј, беа пренесени во Цариград.

Неговиот спомен се празнува секоја година на 31 октомври (18 октомври по стар календар).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата