Во преден план гледаме постар пар како се приближува кон ескалатор - поточно, кон транспортер - а потоа работите тргнуваат наопаку.
Камерата снимила сè
Дедото одеднаш ја изгубил рамнотежата и речиси паднал во просторот помеѓу ескалаторот и ѕидот. Доколку жената не реагирала брзо и не го зграпчила за рака, којзнае како ќе завршела приказната.
Случајни минувачи, како и вработени, веднаш истрчале да му помогнат на мажот, држејќи го цврсто, додека безбедносната камера снимила сè.
Благодарение на заедничката акција, несреќниот маж бил спасен од веројатен трагичен епилог, а корисниците на социјалните мрежи ја пофалиле реакцијата на жената, која не го пуштила.
Драматичното видео снимено во Кина можете да го погледнете подолу: