Верена Обер (51) игра важна улога - таа не само што ја претставува компанијата, туку и лично ги информира добитниците за големите награди. Таа откри незаборавни ситуации од нејзината кариера, од кои некои се доста необични.
500 добитници за една година
Еден случај особено останува во сеќавањето на претставничката на лотаријата.
„Пред две години, се јавив на човек кој освои милиони. Неговата прва реченица беше: „Ве молам, само не ми праќајте картичка на мојата адреса. Во процес сме на развод и не сакам сопругата да дознае.“
Благодарение на игрите на среќа, како што е Евроџекпот, многу Германци станаа милионери. Во текот на изминатата година, повеќе од 500 играчи освоија шестцифрени суми, а еден жител на Хесен освои дури 69 милиони евра!
„Милиони ти го менуваат животот“
Кога ја прашале како реагираат луѓето кога ќе сфатат дека се збогатиле, Верена вели:
„Тие се тресат од возбуда. Секако, 20 милиони го менуваат животот. Јас секогаш се справувам со среќни луѓе и тоа ми се допаѓа.“
Таа додава дека луѓето не реагираат на ист начин. Една 80-годишна баба, која на лото освоила неколку милиони, збунето прашала: „Боже, што друго имаш планирано за мене?“
„Луѓето можат да станат сомничави“
Верена забележува дека не им дава на луѓето финансиски совети, но нагласува дека - барем на почетокот - не треба никому да кажуваат за своите добивки, објавува Билд.
„Откако ќе кажете, нема враќање назад. А луѓето можат да станат сомничави. Ако веднаш дадете отказ од работа или купите нов автомобил, вашите колеги ќе размислуваат за секакви работи.“
Верена се присети на случајот на еден занаетчија кој бил на работ на банкрот.
„Тој дојде и низ солзи рече: „Требаше да ги отпуштам работниците за два дена, а сега можам да се вратам на работа.“ Можеби најубавата приказна доаѓа од жена која освои неверојатни 48,5 милиони евра. Пред да почине нејзиниот сопруг, таа ветила дека секогаш ќе ги игра неговите бројки. И го одржала своето ветување - со победа што ѝ го променила животот засекогаш.