Британска манекенка шокирана од хотел во Турција: Ова требаше да ми биде одмор (ВИДЕО)

4.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британска манекенка шокирана од хотел во Турција: Ова требаше да ми биде одмор (ВИДЕО)

Поранешната манекенка вели дека не можела да им верува на своите очи кога погледнала низ прозорецот, а своето чудење го споделила со своите следбеници на TikTok, објави Мирор.

„Јас сум во Турција, 7:30 часот наутро. Веќе е 40 степени, а сите лежалки се зафатени“, рекла таа.

Потоа Даниел ја насочила камерата кон базенот, каде што јасно се гледа дека сите лежалки имаат крпи на нив, но таму нема никој.

„Нема шанси да станувам во 5 часот наутро за да се борам за лежалка. Ова е ненормално. Ова требаше да ми биде одмор“, додаде Даниел.

@daniellemasonuk Sunbed drama #holiday #turkey #fyp ♬ original sound - Danielle Carly Mason

Нејзиното видео брзо привлече големо внимание, а во коментарите имаше и такви кои сакаа да ги споделат своите слични искуства.

„Минатата година бевме во Турција, а нашиот хотел беше отворен од 10 часот наутро. Сите крпи што беа оставени без надзор беа собрани, а за да добијат нови, работниците наплаќаа 5 евра за оваа услуга. Беше прекрасно да се гледа“, напиша едно лице во коментарите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата