Истрагата ги истражува тврдењата дека Лопез имал тајни врски со 17 љубовници, вклучувајќи и наводни членки на црквата, објавува „Дејли меил“.
„Беше како сапуница“
Скандалот наводно бил откриен откако неговата чистачка пријавила дека погрешно добила пораки, фотографии и видеа што наводно бискупот „им ги испратил на своите партнерки“.
Перуанската новинарка Паола Угаз, која го следела случајот, објаснува дека некои од жените биле „љубоморни на своите сопернички“ и дека имало „конфликт меѓу нив“.
„Беше како сапуница, но и индикација за сериозна злоупотреба на моќ“, рече новинарката, додавајќи дека многу од жените биле исплашени и не сакале да сведочат.
Peruvian bishop accused of having 17 lovers exposed by cleaning lady https://t.co/IOcMmST3X8
— The Times and The Sunday Times (@thetimes) October 7, 2025
Странските медиуми објавуваат дека гореспоменатите материјали - вклучувајќи гласовни пораки, фотографии и видеа - биле прегледани за време на истрагата на Ватикан.
Категорично ги негираше обвинувањата
Лопез категорично ги негираше сите обвинувања, тврдејќи дека станува збор за „клеветечка кампања“ спроведена, како што рече, од „темни сили“.
Покрај обвинувањата за несоодветни врски, бискупот е под истрага и, според истите извештаи, за наводна проневера на црковни средства.
Ватиканот ја прифати неговата оставка на почетокот на септември, повеќе од две децении пред вообичаеното време за пензионирање за бискупите.
Случајот предизвика бура од реакции во Перу и католичките кругови низ целиот свет, а сега се чека официјалната истрага.