Бев мртов осум часа и завршив во пеколот- шокантно тврдење на поранешен будист (ВИДЕО)

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бев мртов осум часа и завршив во пеколот- шокантно тврдење на поранешен будист (ВИДЕО)

Неговото трогателно сведоштво привлече големо внимание низ целиот свет, особено поради деталите што ги дава за неговиот наводен престој во задгробниот живот.

„Тоа не е место каде што некогаш би сакале да одите. Искрено, не би сакал ниту Ким Џонг-ил ниту Хитлер да завршат таму. Не би му го посакал тоа ниту на мојот најголем непријател“, рече Канг.

Како поранешен зависник, Стив со години користел тешки дроги - од метамфетамин и екстази, па сè до сопствената мешавина што ја нарекувал „чинија на смртта“. Во еден од неговите најмрачни моменти, тој се обидел да си го одземе животот, тврдејќи дека бил принуден на тоа од „злобен дух“ кој му шепнал да си наштети.

Додека лекарите се обидувале да ги санираат сериозните физички повреди што си ги нанел, Стив, како што вели, „пропаднал“ во друга димензија - застрашувачки свет што го опишува како пекол. Во интервју за Дејли Меил, тој откри: „Немаше светлина на местото. Немаше растенија. Не се сеќавам дека видов трева. Само карпеста, пуста леа.“

Тој опиша како видел огромен синџир забиен во неговото тело, додека околу него имало многу други души кои страдале од неподносливо страдање. Во таа крвава и темна визија, Стив здогледал силуети на огромни суштества во црни наметки - суштества кои, му се чинеше, им судат на душите во агонија. „Ова беа демони високи три, четири, пет ката – застрашувачки суштества“, рече тој.

Во разговор со подкастерот Влад Савчук, Стив споделил како ова искуство целосно го променило. Иако пораснал како будист, без никакво верување во постоењето на пеколот, за време на тоа искуство, вели тој, доживеал „натприродна свест“. „Имаше толку многу болка што не можеше ниту да го прашаш човекот до тебе: „Како си, како се викаш?“ Едноставно си во агонија. За прв пат во мојот живот, знаев дека сум грешник. Дека заслужувам да бидам таму.“

Верувал дека нема излез

„Мислев - никогаш нема да излезам од ова место.“ Иако всушност поминаа осум часа, му се чинеше како да поминале само неколку минути.

Додека тој лежел на умирање, неговата мајка ѝ се обратила на единствената христијанка што ја познавала - која, иронично, била и дилерката на дрога на Стив - за да собере молитвена група и да се моли за неговиот живот.

Стив тврди дека не го спасиле лекарите кои му го запреле крварењето и му ги излекувале раните, туку молитвите. „Почнаа да се молат, а подоцна докторот ми рече дека тоа е вистинско чудо.“

Во еден момент, вели тој, почувствувал мир каков што никогаш порано не го доживеал – и присуството на Исус како го повикува назад во живот.

По ова искуство, Стив целосно се откажал од будизмот и сега служи како христијански пастор во црквата „Лос Анџелес Госпел Комјунити“ во Лос Анџелес.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата