Дете си играло со телефонот, па нарачало 70.000 лижавчиња, мајката во шок (ВИДЕО)

7.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дете си играло со телефонот, па нарачало 70.000 лижавчиња, мајката во шок (ВИДЕО)

Тој си играл со телефонот на мајка си, а несреќната жена доживеала шок кога на нејзиниот праг се појавиле 30 големи кутии!

Синот ја призна својата грешка

Жителка на Кентаки била изненадена од глетката пред семејниот дом, а кога прочитала што пишувало на кутиите, сè ѝ станало јасно.

Внатре имало не помалку од 70.000 од популарните лижавчиња „Дам-Дам“! Во секоја кутија имало 2.340 парчиња, а како што подоцна открила, нарачката чинела околу 4.200 долари.

„Не можев да им верувам на очите! Мислев дека е грешка“, изјави Холи Лафаверс за локалните медиуми.

Нејзиниот син набрзо признал дека случајно нарачал слатки додека си играл на телефонот, пренесува UPI.com.

Реакции на социјалните мрежи

Кога жената контактирала со „Амазон“, преку чија апликација сè било нарачано, компанијата се согласила да врати осум кутии. Потоа Холи одлучила да ги понуди преостанатите „залихи“ на продажба на соседите и пријателите.

Во меѓувреме, откако нејзината приказна стигна до медиумите, таа доби нов повик од Амазон, кој одлучил да ѝ го врати целиот износ.

„Ви благодарам на сите што сакавте да помогнете“, напиша таа на социјалните мрежи. „Со задоволство ќе ви го доставам она што сте го „нарачале“ или ќе го донирам во добротворни цели.“

Инцидентот предизвика бројни реакции на интернет, а родителите беа предупредени да ги заштитат своите уреди со лозинка - бидејќи дури и еден невнимателен чин може да резултира со илјадници лижавчиња на вратата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата