Барбара О'Нил е австралиски едукатор од областа на природната медицина, таа на 3.09 за првпат гостуваше во Белград и одржа едно од трите предавања. Таа работеше на хормоналниот дисбаланс и, како што вели, кога ќе се појави дисбаланс, на телото му се случува голем проблем.
Каде и да патувам, сретнувам луѓе со хормонални проблеми. Знаењето му е лесно на оној што разбира. Кога ќе сфатиме како функционираат хормоните, лесно е повторно да воспоставиме рамнотежа. Нашето тело функционира во прецизна рамнотежа, ако постои нерамнотежа, настанува проблем. Телото е создадено така што може самото да се исцели, доколку му ги обезбедиме потребните услови. Обично, ни недостасува вистинско образование за да се грижиме за своето тело. Многумина воопшто не се свесни кои сè услови треба да ги исполни телото – наведува таа.
Исто така додава дека е исклучително важно да се препознаат симптомите на хормоналниот дисбаланс кај жените:
Првиот симптом се јавува кај деветгодишни девојчиња, кога ќе ја добијат првата менструација, а нормално е тоа да биде од 16-тата до 18-тата година. Исто така, ако младата жена не добие менструација до 18 г., се смета дека нешто не е во ред со неа.
обилни менструации
фрибром во матката
полицистични јајници
ендометриоза
синдром на зголемени дојки
канцер на матка, јајници и грло на матка
депресија
остеопороза
Симптоми за хормонален дисбаланс кај мажи:
акни
растење на гради кај момчиња
опаѓање на бројот на сперматозоиди
еректилна дисфункција (се проценува дека над 50%од мажите постари од 50 г. имаат проблем со еректилна дисфункција)
зголемена простата
анксиозност
Барбара напоменува дека за секоја акција постои рекација, и секогаш мора да се запрашате: Зошто?
Важно е да научите како функционираат хормоните.
Тие настануваат од холестеролот, тој не е непријател. Имено, од холестеролот организмот создава прогестерон, кој се нарекува „мајка“, бидејќи од мајчиниот прогестерон ќерките синтетизираат естроген, а синовите тестостерон. Кога мајката има хормонален дисбаланс, нарушено е нивото на тестостеронот, што предизвикува многу проблеми кај мажите. Од друга страна, честите спонтани абортуси се знак за низок прогестерон. Она што е важно е да запомните е да не носите одлуки врз основа на страв. Слободата подразбира можност на избори – јас одлучувам што влегува во мојот организам, а што не – заклучува Барбара О’Нил.