101- годишна жена секој ден оди на работа: Ако отидам во пензија, ќе умрам (ВИДЕО)

18.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
101- годишна жена секој ден оди на работа: Ако отидам во пензија, ќе умрам (ВИДЕО)

На 101 година, таа сè уште стои зад пултот, со истата насмевка и страст со која почнала да работи во 1964 година.

За Ан, работата не е обврска, туку начин на живот. Добро познатата локална златарка, жена со неограничена енергија и остар ум, таа стана симбол на виталност и љубов кон животот. Нејзините редовни клиенти доаѓаат не само за накитот, туку и за неа, за топлината, искрената смеа и мудроста што зрачи од секоја реченица.

Во разговор за ABC7 NY, Ан откри дека многу рано го научила значењето на одговорноста. Таа го напуштила училиштето за да му помогне на семејството во мала продавница за храна во Бруклин, додека нејзиниот татко доставувал мраз со кочија влечена од коњи - во време кога немало фрижидери. Кога нејзиниот сопруг заминал во Втората светска војна, Ан ја презела улогата на хранителка и се вработила како келнерка во Морнаричката база.

Тоа беше, вели таа, нејзиниот прв вкус на женска независност и сила.

„Открив колку е прекрасно да се знае дека можеш сè да направиш сама. Тоа чувство никогаш не ме напушти“, се сеќава таа.

Децении подоцна, таа ја отвори својата продавница - Curiosity Jewelry, сега семеен бизнис.

„Се возев покрај неа и видов знак „се издава“. Ја повикав сопственичката, а киријата беше 85 долари месечно. Беше 1964 година и немав поим во што се впуштам. Но, срцето ми кажа да го направам тоа“, вели таа со смеа.

Иако продавницата е отворена пет дена во неделата, Ана доаѓа на шестиот - не затоа што мора, туку затоа што не може поинаку.

„Ако се пензионирам, ќе умрам“, признава таа без ни момент двоумење.

Кога ја прашале која е тајната на нејзината долговечност, таа едноставно одговара: „Стани, истуширај се, јади нешто, грижи се за себе. Вежбај. Прави го она што го сакаш. Ако не ти се допаѓа, промени го. Нема голема филозофија.“

Секој нејзин ден започнува со благодарност и завршува со насмевка.

„Животот е прекрасен. Само треба да го живееш до максимум. Среќна сум што сè уште можам да го правам она што го сакам денес.“

Приказната на Ан Анџелети допре илјадници луѓе кои ја нарекоа жива инспирација. Некои велат дека „добила на генетската лотарија“, но таа не верува во среќа. Жената верува во работа, љубов и грижа за себе.

И додека многумина ги бројат годините до пензионирање, Ан брои секое утро - нови можности за живот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата