Епицентарот на земјотресот бил веднаш до границата меѓу Босна и Херцеговина и Црна Гора, 22 километри источно од Фоча.
Како што објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил почувствуван и во Хрватска и Србија.
Засега нема информации за евентуална материјална штета, јавуваат сараевските медиуми.

