Забранет му е влез во Албанија на познат исламски проповедник, осомничен за терористички акти

23.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Забранет му е влез во Албанија на познат исламски проповедник, осомничен за терористички акти

Хосеин тргнал од Тринидат и Тобаго, Јужна Америка кон Албанија поради религиозна агенда, но безбедносните власти имале информации против него поврзани со терористички акти и поради оваа причина граничната полиција не му дозволила влез во Албанија, објави „Топ чанел“.

Тој е задржан во посебна просторија на аеродромот додека не се финализира неговото враќање од местото од каде што тргнал.

Хосеин е исламски научник и проповедник од Тринидад и Тобаго, познат по своите коментари за исламската есхатологија (знаци за крајот на светот) и современите светски прашања. Тој е автор и меѓународен предавач за исламска економија, глобална политика и толкување на современите настани во контекст на Куранот.

За него Израел не е само политичка држава, туку дел од историски и пророчки процес што е поврзан со крајот на светот во исламската терминологија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата