Вучиќ: Трагаме по двајца снајперисти за кои знаеме дека се во Белград

4.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ: Трагаме по двајца снајперисти за кои знаеме дека се во Белград

 - Имам некои важни вести. Не прогласив победа, ниту е можно. Немате што да победите, само реков дека обоената револуција не успеа. Меѓу нив има нервоза и хистерија поради дебаклот од Нови Сад, и таа го достигнува својот врв. Мислам дека луѓето се презаситени од тоа, во најголем дел - рече Вучиќ во телевизиското интервју за една српска телевизија,коментирајќи ја моменталната состојба на улиците на Србија.

Потоа претседателот на Србија откри шокатна вест.

-Моментално бркаме двајца снајперисти во Белград за кои знаеме дека се во градот, но не можеме да ги најдеме веќе три дена. Но, знаеме дека пристигнале, знаеме од каде доаѓаат парите за нив, кои им се целите, ќе видиме. Верувам дека надлежната служба ќе успее да го реши тоа. Значи, но тоа е нивниот единствен начин. Нема друг начин. Тие не можат да ја поколебаат мојата волја, не можат да ме победат на изборите, и тоа го знаат многу добро, без разлика што, кога и да се одржат, истакна српскиот претседател во разговорот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата