Вучиќ пристигна во Осака на неколкудневна посета на Јапонија

15.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ пристигна во Осака на неколкудневна посета на Јапонија

Во Осака, тој ќе присуствува на официјалната церемонија на претставување на Националниот ден на Србија во рамките на Светската изложба „Експо Осака 2025“ и ќе ги посети павилјоните на Србија и Јапонија, соопшти неговиот кабинет.

Вучиќ ќе се сретне со царот Нарухито во Царската палата во Токио, а ќе разговара и со премиерот на Јапонија, Шигеру Ишиба и ќе ја заврши посетата на Јапонија со учество на презентација на инвестицискиот потенцијал на Србија за претставници на големи јапонски компании. 

„Сакам да им го честитам на граѓаните националниот празник, Денот на единството, слободата и српското знаме, и да кажам колку е важно да се зачува мирот, слободата и единството на нашиот народ во ера на големи турбуленции во целиот свет. Единството на нашиот народ и во земјата, во регионот и насекаде на планетата. Денескa, тука во Јапонија, ќе го прославиме националниот ден на многу свечен начин во главниот павилјон на Експо заедно со државниот министер Ито Јошимото“, изјави Вучиќ за новинарите oд српските медиуми кои ја следат неговата посета.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата