Во Белград средба на српскиот премиер со претседателката на ЕК

15.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Белград средба на српскиот премиер со претседателката на ЕК

Според соопштението од Кабинетот на српскиот премиер Ѓуро Мацут, со кого таа денеска имаше средба во Белград, таа истакнала дека напредокот на Србија на европскиот пат е забележлив, но дека се уште има многу простор за подобрување на соработката со ЕК и во спроведувањето на реформите.

Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, ѝ порача на претседателката на ЕК дека членството на Србија во Европската унија е стратешки приоритет и ја нагласи подготвеноста на Владата да продолжи со спроведувањето на реформите во согласност со европските стандарди.

„Полноправното членство во ЕУ останува наша јасна и трајна стратешка определба, од која никогаш не сме се откажале“, рече премиерот на Србија.

Тој оцени дека Планот за раст на Западен Балкан дава нова динамика на европската интеграција и ја конкретизира идејата за постепено вклучување на земјите од регионот во единствениот пазар и европските политики.

Тој, исто така, разговараше со претседателката на ЕК за предизвиците во дијалогот меѓу Белград и Приштина, ја нагласи својата подготвеност за разговори со граѓанското општество во врска со процесот на реформи и посочи дека целта е да се создаде стабилна, економски силна европска земја која, како рамноправен член на Унијата, ќе придонесе за мирот, соработката и просперитетот на цела Европа.

Соговорниците го повторија заедничкиот став дека е потребно веднаш да се интензивира соработката во бројни области и дека Србија и ЕУ продолжуваат да го продлабочуваат своето партнерство на патот кон заедничка иднина. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата