Убиство во „Белград на вода“: Маж (35) погоден со еден куршум во чело, луксузната населба била под опсада на полицијата

17.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Убиство во „Белград на вода“: Маж (35) погоден со еден куршум во чело, луксузната населба била под опсада на полицијата

Според сознанијата на медиумите од регионот, убиен е маж (35) кој бил погоден со еден куршум во челото, а според информациите што ги пренесува „Блиц“, станува збор за Филип Ивановиќ — наводен припадник на кавачкиот клан кој во декември минатата година ја симнал наногицата и побегнал од домашен притвор.

Се сомнева дека Филип Ивановиќ бил застрелан во челото во „Белград на вода“, а на местото на настанот биле пронајдени два пиштоли.

Телото на жртвата е испратено на обдукција, по која ќе биде потврден идентитетот. Жртвата на убиството, наводно, со себе имала словенечки документи кои биле фалсификувани.

Само 200 метри од местото на злосторството, полицијата го уапсила Ѓорѓе З. (21), за кого се сомнева дека е извршителот на убиството, и нему припадниците на УКП, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, му одредиле задржување до 48 часа.

По Филип била распишана потерница, а се испитува дали токму тој е жртвата што беше ликвидирана во центарот на Белград. Како што пренесуваат медиумите, полицијата трага по уште две лица кои по убиството избегале со автомобил.

Извор: Блиц

Фото: moj_beo_grad/Инстаграм

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата