Студентски протест најавен за утре во Белград - „Индексот е посилен од пендрекот“

7.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Студентски протест најавен за утре во Белград - „Индексот е посилен од пендрекот“

„Сѐ запира в понеделник. Се гледаме“, порачаа студентите.

На социјалните мрежи, студентите објавија дека протестот почнува во 14 часот.

Тие објавија и илустрација од планот на протестот - првата точка е зградата на Владата на Србија, потоа Палатата на правдата, зградата на Одделот за обезбедување одредени лица и објекти и на крај Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата