Пред неколку часа, на раскрсницата на улиците „Домовинског рата“ и „Слободе“ во Сплит, се судриле службено полициско возило и приватно возило Рено Меган.
„Слободна Далмација“ пишува дека полициско возило, под ротација, поминало на црвено светло и удрило во друг автомобил. Полицаецот наводно одел на итна интервенција која не била поврзана со утрешниот фудбалски натпревар.
Полицаецот кој го управувал возилото имал околу 0,6 промили алкохол во крвта и, и покрај ова, отишол на интервенцијата, пишува „Далмација денес“, од каде исто така неофицијално дознаваат дека полицаецот е суспендиран од должност до завршување на истрагата и дека против него ќе биде покрената дисциплинска постапка.
Полицаецот и уште едно лице побарале лекарска помош.
Истрагата е во тек.
Извор: Индекс.хр