Првиот есенски снег ги покри врвовите и планинските области, а сцените се нереални. До пред неколку дена, туристите во Грција уживаа во морето, пливањето и топлите денови, а сега веќе можат да ја почувствуваат магијата на вистинската зима со снег, објави Прототема.
Видео од планината Олимп покриена со снег пред календарскиот почеток на зимата беше објавено на X сметката Forecast Weather Greece и предизвика вистинско воодушевување кај љубителите на снежната магија.
Στα λευκά ❄️ έχει ντυθεί από τα ξημερώματα το βουνό των θεών.
— Forecast Weather Greece (@ForecastGreece) October 2, 2025
Μια μαγική εικόνα σε συνεργασία με το καταφύγιο @olympus_refuge_2648m
Βίντεο : @themis_pounar #Olympos #mountain #olympousmountain #forecastweather pic.twitter.com/KtgUj4ql6N
За потсетување, Грција имаше неколку топлотни бранови ова лето со температури над 40 степени, поради што популарните туристички атракции во Атина беа затворени во најжешкиот дел од денот, а на одредени работници им беше забрането да ги извршуваат своите активности.
Едноставно изгледа неверојатно што неколку дена по завршувањето на летната сезона имаме снежни сцени, како зимата веќе да пристигнала.