Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и за екс министерот за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на српската железничка инфраструктура Јелена Танасковиќ, за уривање на настрешница на влезот на железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 16 лица.
Тие се сомничат дека сториле кривични дела кои се законски квалификувани како тешки дела против општата безбедност.
Во обвинението се предлага вишиот суд во Нови Сад да одреди притвор за сите обвинети поради континуираните големи јавни немири што би можеле да го загрозат непреченото и правично водење на кривичната постапка..